Сончево и топло време, попладне дожд
Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните часови наместа ќе се развива нестабилна облачност, која ќе донесе пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекуваат и посилни невремиња со силен ветер и со град. Утринските температури ќе се движат од 8 до 16 Целзиусови степени, а дневните ќе достигнат од 27 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне во делови од Скопската Котлина има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.



