По повеќе од 300 дена, пол-позиција за Ферстапен
Поранешниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Бахреин која се вози на патеката „Сепанг“ во Малезија.
Ферстапен до пол-позицијата на „Сепанг“ стигна со време од 1:35.130 минути, зад него беше возачот на Ферари, Луис Хамилтон, а трето време имаше Исак Хаџар од Ред Бул, но поради казна ќе биде преместен на осмото место, а третата позиција ќе ја преземе Кими Антонели кој е лидер во генералниот пласман.
Џорџ Расел имаше дури осмо време, ќе стартува седми поради преместувањето на Хаџар.
Трката се вози утре (недела) со почеток од 09 часот.



