Македонија

Полицијата го идентификуваше лицето кое постави албанско знаме на полициско возило во Тетово

Полицијата го утврдила идентитетот на лицето кое за време на прославата на Денот на албанското знаме во Тетово поставило албанско знаме на полициско возило, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, по преземените мерки од страна на полициските службеници од СВР Тетово, лицето е идентификувано и повикано на разговор во полициска станица во присуство на родител.

„Лицето, во присуство на родител, е повикано на разговор во полициска станица, со цел целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе следи соодветен поднесок“, соопштија од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons