Петрушевски: Филипче и СДС за власт се спремни да го продадат македонскиот јазик, култура и идентитет
Филипче и СДС за власт се спремни да го продадат македонскиот јазик, култура и идентитет.
Лековерноста и лојалноста на Филипче и СДС кон бугарските политичари од ден на ден се зголемува, што директно наштетува на македонските позиции и црвени линии.
Филипче и СДС немаат проблем со тоа македонскиот јазик да е бугарски дијалект, Македонија да е дел од Бугарската држава, Гоце Делчев, Питу Гули, Јане Сандански да се пишат дека се Бугари, само да дојдат на власт и да крадат.
Филипче и СДС немаат проблем да бидат на услуга на бугарските власти и да ја шират нивната политика и да не убедуваат дека Уставните измени се единствениот чекор што Македонија треба да го направи за да влезе во ЕУ.
СДС 35 години лаже континуирано, дека прво беше знамето па влегуваме во ЕУ, па името да го промениме па влегуваме во ЕУ, па потоа беше Уставот, па потоа банкнотите, па потоа пак името, и сега пак лаже и вели дека уште само уставните измени и влегуваме во ЕУ.
Граѓаните веќе доста беа лажени од структурите на СДС. 35 години СДС лаже, а ВМРО-ДПМНЕ денес стави крај на лагите на СДС, и води државна достоинствена политика, базирана на дела, резултати и реформи.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



