Магазин

Јапонски научници: Сега постои пластика што се раствора во вода

Јапонски научници развија пластика што се разградува во морска вода за само неколку часа, што би можело да биде решение за загадувањето на океаните.

Експертите долго време експериментираат со биоразградлива пластика, а сега научници од центарот „РИКЕН“ и Универзитетот во Токио развија нов материјал кој се разградува многу побрзо и не остава никаква трага. Конкретно, во лабораториски услови, научниците покажаа дека парче пластика исчезнува во базен со солена вода во кој стоело околу еден час.

Водачот на тимот, Такузо Аида, вели дека истражувањето привлекло значителен интерес, вклучувајќи и од компании за пакување.

Според прогнозите на Програмата за животна средина на ОН, се очекува загадувањето со пластика да се зголеми тројно до 2040 година, што значи дека секоја година во светските мориња ќе завршуваат дополнителни 23 до 37 милиони тони пластика.

„Децата не можат да ја изберат планетата на која живеат. Наша должност како научници е да се погрижиме како наследство да им оставиме најдобра можна животна средина“, изјави Аида, пренесува Сајанс алерт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons