Европска земја го забранува Тик Ток за функционерите 

Aвстрија забранува користење Тик Ток на владините уреди. Виена сака да спречи кинеската оперативна фирма да има пристап до чувствителни податоци. Ова денеска го соопшти австриската влада.

Владините функционери и федералните политичари ќе мора да ја избришат апликацијата за споделување видеа Тик Ток од нивните телефони кои им ги доделила Владата. 

„За функционерите и политичарите на државно и општинско ниво, е издадена препорака да престанат да ја користат апликацијата за службени цели“, изјави министерот за внатрешни работи Герхард Карнер.

Како што пренесе ДПА, тој вели дека политичарите и службениците можат да продолжат да ја користат апликацијата приватно.

Австрија се приклучува на Австралија, Канада, Велика Британија и Европската Комисија, кои претходно издадоа слични регулативи за јавниот сектор. Некои земји ја ограничнија употербата на Тик Ток за младите.  Влезот на социјалните платформи, како што се Инстаграм, ТикТок или Снепчет во Франција е блокиран за деца под 15 години, освен ако тоа не им го дозволат нивните родители. На Балканот се отвори прашањето за тоа колку Тик Ток поттикнува девијатно однесување кај младите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons