Никола Серафимов е во идеалниот тим на сезоната во Унгарија (ФОТО)
Македонскиот репрезентативец, Никола Серафимов доби место меѓу најдобрите 11 за изминатата сезона во унгарското првенство.
Серафимов кој за македонската А репрезентација дебитираше на мечот против Гибралтар, се најде во тимот на сезоната во Унгарија.
Македонскиот дефанзивец е член на Залаегерсег, имаше одлична сезона и со игрите го привлече вниманието и на поголеми клубови, па не се исклучува можноста за трансфер уште во ова лето.
Во текот на сезоната тој неколкупати беше избиран во идеалниот тим на колото, а признанието со кое се најде во тимот на сезоната е јаготка на шлагот за неговите добри игри.
Во тимот се најде уште едно познато тиме, тоа е поранешниот играч на Вардар, Јасир Асани кој настапуваше и за младинските репрезентации на Македонија, но на крајот реши да игра за Албанија. Тој е член на Кишварда.