Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше на ВТА ранг листата 

Најдобрата македонската тенисерка Лина Ѓорческа 2023 година ќе ја заврши на 213 место на ВТА ранг-листата.

Ѓорческа има скок од три места во однос на минатата недела, но бројот на поени е ист – 357.

Во поединечна конкуренција кај жените Магдалена Стоилковска со девет поени се наоѓа на 1208 позиција и има пад од две места.

Ѓорческа исто како и во сингл и во конкуренција на двојки има напредок од три позиции и се наоѓа на 364.то место со 226 поени.

Потсетување дека Ѓорческа на почетокот на новата сезона ја очекува настап во квалификациите на „Австралија Опен“ во Мелбурн.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons