Актуелно

На денешен ден пред 34 години Македонија ги доби првото државно знаме и химната

На денешен ден пред 34 години Собранието на Република Македонија усвои два од клучните државни симболи – знамето и химната „Денес над Македонија“.

Првото знаме на независна Македонија било црвено, со златно-жолто сонце со 16 зраци, односно осум основни и осум споредни. Законот со кој било утврден изгледот на знамето бил донесен на 11 август 1992 година, а следниот ден бил објавен во „Службен весник“.

Симболот на сонцето со 16 зраци е познат како Ѕвездата од Кутлеш, Сонцето од Кутлеш или како Аргеадската ѕвезда. Претставата на овој симбол е пронајдена на бројни археолошки наоди, а еден од најпознатите примероци бил откриен во 1977 година за време на ископувањата во Кутлеш.

Знамето со 16-зрачно сонце останало во употреба до 1995 година, кога било заменето со сегашното државно знаме – црвено со златно-жолто сонце со осум зраци што се протегаат до рабовите на знамето.

Химната, со текст на Владо Малески и музика на Тодор Скаловски, остана главно непроменета од денот кога беше официјално потврдена како химна на независната држава во 1992 година.

Усвојувањето на државните симболи било дел од процесот на институционално заокружување на независноста, по референдумот од 8 септември 1991 година и по донесувањето на новиот Устав во ноември истата година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons