Политика

Мартин Андоновски е нов претседател на Општински Комитет ВМРО-ДПМНЕ Гостивар

Со одлука на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, од денес Мартин Андоновски е назначен за претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

Андоновски е актуелен советник во Советот на Општина Гостивар, а воедно ја извршува и функцијата генерален секретар на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Станува збор за млад и активен политички кадар кој во изминатиот период беше препознатлив по својата ангажираност, работа на терен и комуникација со граѓаните.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons