Политика

Сергеј Попов е нов претседател на Општински Комитет ВМРО-ДПМНЕ Центар

ВРЕМЕ Е ЗА ПОБЕДИ ВО ЦЕНТАР!

Со голема чест и одговорност ја прифаќам довербата да бидам избран за претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Центар, на предлог на претседателот Христијан Мицкоски и со одлука на Извршниот комитет.

Ова за мене не е само нова етапа, ова е мисија.
Мисија во општината каде што сум роден, каде што живеам и каде што ја започнав мојата политичка борба.

Влегувам во оваа нова етапа со силна енергија, јасна визија и огромна мотивација. На членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, им ветувам многу интензивна работа, решителност и гласна, принципиелна борба за подобар Центар.

Им порачувам на сите оние кои никогаш не биле дел од ВМРО – ДПМНЕ во Центар, како и оние кои од свои причини се пасивизирале, дека вратите на ОК Центар се отворени.

Благодарност до претходниот претседател на ОК Центар, Димитар Богески, за несебичниот ангажман.

Следуваат резултати. Следуваат победи.

До нови успеси!

Да живее ВМРО-ДПМНЕ!
Да живее Република Македонија!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons