ИНФЛАЦИЈАТА ДОСТИГНА НОВ РЕКОРД, 14,5 отсто раст во јуни регистрираше статистика

Статистика  измери нов рекорд  на инфлацијата од високи 14,5 проценти во јуни годинава во споредба со истот месец лани.

– Индексот на трошоците на животот во јуни 2022 година, во однос на јуни 2021 година, бележи зголемување од 14,5 отсто, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 13,7 проценти – пишува во соопштението на ДЗС.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2022 година, во однос на претходниот месец, изнесува 102,8, а индексот на цените на мало изнесува 102,4.

Согласно податоците кои ги објавува ДЗС се забележува дека има раст ан цените кај основните продукти како маслото, лебот, млекото, месето и на месечно ниво. 

– Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај маслото и маснотиите за 10,4 отсто, лебот и житата за 7,8 проценти, млекото за 6,7, месото за 5,2, свежото и разладеното овошје за 2,9, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 2,7 отсто, виното за 2,1 процент, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1, рибата и морските плодови за 0,8 отсто, кафето, чајот, какаото за 0,5 и прехранбените производи неспоменати на друго место за 0,4 проценти – се наведува во соопштението на ДЗС.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons