Почина 82 годишен човек од гостиварско откако го удрил бик

Бик уби човек во Гостивар. 

При истовар од приколка на сточниот пазар во градот, бик со главата го удрил својот сопственик нанесувајќи му смртни повреди.  Починатиот е 82-годишниот Љ.С. од гостиварското село Врбен.

„Сопственикот се обидувал да го наведе животното да се симне од камионската приколка, но во еден момент тоа со главата удрило во телото на Љ.С. и му нанело тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад”, каде веднаш бил пренесен за укажување лекарска помош“, соопшти полицијата. 

Додаваат дека набргу човекот им подлегнал на повредите. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons