Индекс на мизерија: Најнесреќни земји во светот се Зимбабве, Венецуела и Сирија, Македонија се најде на 39. место 

Годишниот индекс на несреќни земји на Ханке ги позиционираше Зимбабве, Венецуела и Сирија на првото место на најнесреќни земји од вкупно 157 земји кои се на листата.

Македонија го зазема 39. место, заедно со азиската држава Мјанмар, со 50,4 поени, а како главна причина за несреќено живеење се наведува невработеноста. За главни фактори се земени збирот на невработеноста на крајот на годината (помножена со два), инфлацијата и стапките на банкарските камати, минус годишната процентуална промена на реалниот БДП по глава на жител.

Извор: https://www.nationalreview.com/
Hanke’s 2022 Misery Index

Пред Македонија на листата на несреќни држави од регионот се најдоа Црна Гора на 34. место со 52,6 поени и нешто повисоко на листата е Босна и Херцеговина, на 18. место со 75,9 поени. Србија се најде на 54. со 41,1 поен.

Ниско на листата се најдоа Грција на 84 место, потоа Албанија на 97 место, а веднаш по нејзе е Хрватска на 98 место, додека Бугарија се позиционираше на 101. место, а Словенија на 118.

Последна на листата е Швајцарија, со само 8,5 поени, а причината за несреќа е невработеноста.

Британија е понесреќна од минатата година, искачувајќи се од 153-то на 129-то место на скалата.

Спротивниот тек го следеа САД , кои паднаа од 102 на 134 место.

Првите десет сè уште ги сочинуваат Либан, Судан, Аргентина, Јемен, Украина, Куба и Турција, односно земји кои се во средината на конфликти и длабока економска криза.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons