НАМАЛУВАЊЕ: Од утре уште поевтин дизелот и бензините

Дизелот и бензините од полноќ ќе се продаваат по уште пониски цени, објави Марко Бислимовски, претседателот на Регулаторната комсиија за енергетика.

Цената на дизелот се намалува за 1,5 денари, а поевтинувањето на Еуросупер 98 и Еуросупер 95 ќе биде за 1,5, односно за 1 денар. Со новите цени дизелот треба да биде 78 денари, а бензините 78 и 76,5 денари од утре.

Цената на дизелот и другите горива во малопродажба е намалена за речиси 30 отсто во последните неколку недели.  Дизелот, кој се користи во транспортот и има големо влијание при формирање на цените во малопродажба, во јуни беше 110 денари, а денеска е 79,5 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons