20 години од смртта на Борис Трајковски

На овогодинешното одбележување во Бутел, Скопје, со почеток во 12 часот, на гробот на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски, ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе сопругата на поранешниот претседател Вилма Трајковска со членови од семејството, претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, делегација на Собранието предводена од претседателот на Собранието, Јован Митрески, делегација на Владата составена од Славица Грковска, заменичка на претседателот на Владата на Македонија, задолжена за политики на добро владеење и Ристо Пенов, министер за локална самоуправа. Потоа делегација на Армијата на Македонија, како и делегација на Сојуз на борци од НОАВМ предводена од Наум Бурески, потпретседател на Главен одбор на СБМ.

Во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина на спомен обележјето каде што се случи несреќата, во 10 часот ќе положат свежо цвеќе претставници од владината делегација составена од министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање и претставник од кабинетот на претседателот на Македонија, полковник Билјана Блажеска, аѓутант на претседателот на Македонија.

Во Ротимље ќе присуствуваат и високи претставници од Босна и Херцеговина.

Во Струмица, со почеток во 10 часот на споменикот на Борис Трајковски ќе присуствуваат и ќе положат свежо цвеќе Јованка Тренчевска, дополнителна заменик-министерка за труд и социјална политика, заедно со Кирил Парталов, државен секретар во Министерството за локална самоуправа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons