Спорт

Жозе Мурињо ќе биде нов тренер на Реал Мадрид

Веќе нема дилеми, Жозе Мурињо повторно ќе го води Реал Мадрид, двете страни постигнале договор, а тој официјално ќе биде објавен по крајот на сезоната.

Светските медиуми денеска известуваат дека Жозе Мурињо и дефинитивно ќе го преземе кормилото на Реал Мадрид.

Наводно двете страни ги договориле сите детали, а официјалното потпишување на договорот ќе се случи по крајот на сезоната.

Мурињо јавно демантира дека има разговори со Реал Мадрид, но тоа е само затоа што сезоната е се уште во тек.

Бенфика последното коло го игра во сабота, со тоа завршува сезоната и преминот на Мурињо од Лисабон во Реал Мадрид ќе може да биде соопштен и официјално.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons