Денеска не излегувајте без чадор: УХМР најавува пороен дожд и пад на температурите
Денеска не очекува променливо облачно време, со почести врнежи од дожд во западните делови на земјата. Според синоптичарите, локално постојат услови за краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи.
Во однос на ветерот, во западните предели ќе дува западен, додека долж Повардарието ќе дува северен ветер, кој повремено ќе засилува. Температурниот опсег ќе се движи од минимални 5 до максимални 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а во утринските часови во делови од котлината е можна појава на слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, со максимална температура до 20 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи најавува слично време и за претстојните денови. „Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во попладневните часови наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите ќе бидат во опаѓање.



