ФИФА очекува приход од 11 милијарди долари од продажба на билети за СП 2026
Престојното Светско фудбалско првенство кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико ќе биде убедливо најпрофитабилното, а за тоа има две причини.
Проширениот формат кој е со 48 репрезентации носи поголем број на натпревари, а втората причина е огромните цени за влезници за кои ФИФА и организаторот трпеа големи критики.
ФИФА дозволи цените на голем дел од влезниците да бидат креирани според понуда и побарувачка односно да имаат динамични цени, а тоа допринесе за билети со неверојатни суми.
Последните проекции се дека ФИФА ќе заработи 11 милијарди долари само од продажба на влезници.



