Времето денеска ќе биде облачно, па сончево – може и да заврне
Времето денеска ќе биде облачно со сончеви периоди. Попладне се очекува повремен локален дожд и услови за појава на ретки грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветар.
Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени



