Времето денеска променливо облачно и топло со температури до 27 степени, од утре попладне пресврт
Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди и релативно високи дневни температури. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој долж Повардарието повремено ќе засилува.
Утринските температури се движат во интервал од 3 до 10, додека максималните во текот на денот ќе достигнат од 21 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, со минимална температура до 7 и максимална до 26 степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат промена на временската состојба веќе од утре.
„Од утре попладне следува период на променливо облачно време со сончеви периоди, а наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер“, информираат метеоролозите.
Особено внимание се посветува на крајот од работната недела, кога се очекуваат поинтензивни врнежи.
„Повремено врнежите ќе бидат пообилни, особено во петок. Минималните температури насекаде ќе бидат над нула“, стои во најавата за претстојниот период.



