А има ли нешто во нашата историја што Бугарија го признава за автентично македонско? 

Јавно ќе прифатам дека 95 отсто од нашата историја е „заедничка“, што ќе рече „украдена“ од бугарската, ако некој ми посочи кои се тие 5 отсто, тоа мало парче што Бугарите го признаваат како автентична историја на Македонците, на еден посебен народ со свој идентитет.

Имаат ли Македонија и Бугарија заедничка историја?

Има ли воопшто смисла да се води дијалог, или дури и да се преговара на таа тема?

Тврдам дека многу добронамерни луѓе (дипломати, политичари, интелектуалци), кога апелираат Македонија и Бугарија да ги договорат наративите со кои ќе биде дефинирана заедничката историја на двата народа, зборуваат – напразно. Да, можеби тие луѓе се водени од искрени чувства и намери спорот меѓу двете држави да се реши со некаков компромис, но јас и натаму тврдам дека тие луѓе зборуваат напразно, дека нивните флоскули не значат ништо друго освен отфрлање на нужноста да се соочиме со суштината на спорот.

Секако, има начин да се докаже дека јас сум тој што зборува напразно, тој што кине зелени и шири дефетизам. Има начин, се разбира. Еве како.

Ајде малку внимание и логика, ве молам.

Ако се согласиме дека постои заедничка историја меѓу Македонците и Бугарите, сме се согласиле дека постои и посебна историја. Не може еден дел од целото да биде заеднички, без другиот дел да биде посебен. Значи, ако има заедничка, има и посебна бугарска историја и посебна македонска историја.

Ова не е тешко да се сфати, нели?

Како што е познато, Бугарија спори со Македонија – не обратно! – за историските прашања од раниот Среден век до крајот на Втората светска војна. Зборуваме, значи, за период од најмалку 13 векови, ако не и повеќе.

И еве, јас сум спремен да се согласам со тврдењето на Софија дека голем дел од нашата македонска историја е „заедничка“ и јавно да прифатам дека е „украдена“ од бугарската, но само под еден услов – некој да ми посочи барем еден дел од таа многувековна приказна, едно мало парче за кое Софија се согласува дека е автентична македонска историја, не „заедничка“ туку посебна историја на еден посебен народ, со свој посебен идентитет.

Ќе бидам уште појасен и поконкретен.

Еве, барам некој да наведе само една историска личност, од раниот Среден век до првата половина на 20 век, за која бугарските историчари и политичари се согласуваат дека е неспорен Македонец.

Барам да се наведе само една таква личност!

Или, барам да се наведе само еден историски настан за кој Бугарија се согласува дека е посебна, автентична македонска историја.

Повеќе на линкот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons