Комплексна дијагноза

Од американскиот Амбасадорски фонд за заштита на културно наследство, во Македонија досега се вложени 1,4 милиони долари во 15 проекти. Со пари на американските даночни обврзници се реставрирани фреските и зградата на манастирскиот комплекс и црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, заштитени се ранохристијанските фрески и крстилницата на Епископската базилика во Стоби, како и словенските и грчките ракописи од 9-тиот и 10-тиот век во Охрид, адаптиран е Турскиот амам во Тетово во Национална галерија, конзервирана е фасадата на Шарена џамија во Тетово, заштитени се археолошките ископини во Хераклеја, конзервиран е манастирот „Света Богородица“ од 11 век во Вељуса и Чифте амамот во старата скопска чаршија… Зошто го прават тоа?

Па се знае. Затоа што се империјалисти што сакаат да доминираат во светот. Зашто сакаат да нè обезличат. Да ни го земат името македонско и идентитетот. До таму отишле, што во 2004 година ги реновирале кровот и ѕидовите на „Свети Спас“ во Скопје, црквата во чиј двор е гробот на Гоце Делчев. Оти МПЦ тогаш немала да даде 30.000 долари. Штедела за да гради станови во висококатници. Ама не. Ние Путин ќе си го величаме, оти бил заштитник на православието.

А Руската црква не ја признава македонската. Како што не ја ни признава украинската црква, оти Украинците не ги признава за живи. Тоа е отприлика истата онаа ментална матрица како децана што викаат „чиста Македонија“, а носат маички со името на Адеми. Украина е виновна оти Русија извршила агресија врз неа. Да се мечтае за живот на Запад, а да ја славиш Русија. Да играш лотарија за да се преселиш во Америка, да се запишуваш на списоци за чекање работна виза за Германија, да измислуваш бугарско потекло за да вадиш бугарски пасош да живееш во демократии како што се Британија, Холандија, Шведска, Норвешка, а притоа да му се восхитуваш на Путин и на цврстата рака. Да ја претставуваш Русија како левичарски штит против империјализмот на Западот, а да им се воодушевуваш на руските олигарси кои националното богатство од нафта и гас го трампаат за луксуз само на нивните деца што им живеат на Запад.

колумната на Горан Михајловски во целост прочитајте ја тука

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons