Се степаа диви копачи на злато во Чад при што има 100 жртви 

Сто жртви има во Чад, откако се судриле копачи на злато. 

Во борбите меѓу неформалните рудари во оддалечен дел од северен Чад загинаа околу 100 луѓе, а 40 се повредени, информираше владата. Судирите се случија минатата недела, но деталите се појавуваат дури сега.

Планинската област Кури Бугуди во близина на либиската граница привлекува рудари од целиот Чад и неговите соседи. Некои групи сметаат дека бројот на загинати е поголем од властите и ги обвинија безбедносните сили за голем број на жртви. 

Владата испрати мисија во погодената област – околу 1.000 километри североисточно од главниот град, Нџамена. 

Но, минатата недела, Махамат Нур Ибеду, шефот на Националната комисија за човекови права во Чад, рече дека војниците кои се испратени да интервенираат „пукале врз луѓето“, го цитира АФП. Тој, и еден опозициски лидер, велат дека бројот на загинати е 200, но властите го негираат тоа. Сите активности за ископување злато во Кури Бугуди сега се запрени. И претходно, медиумите пишуваа дека во истиот дел на Чад владее беззаконие и дека има многу диви копачи на злато. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons