Хаџиевски од Варна се пресели на Блискиот Исток
Само неколку дена откако ја напушти Спартак Варна, искусниот македонски стратег, Ѓоко Хаџиевски потпиша со нов клуб, Ал-Мадина од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).
Се работи за клуб кој се натпреварува во втората по ранг лига во ОАЕ.
За Хаџиевски ова е враќање на Блискиот Исток бидејќи претходно работеше во неколку клубови од ОАЕ, меѓу кои Хата, Емирејтс, Ал Дафра, а беше и во Саудиска Арабија во екипите на Хаџер, Наџран, Ал-Кадсиа, Ал-Тавун.
Пред неколку дена Хаџиевски поднесе оставка од кормилото на Спартак Варна, од лични причини, а после неколку дена е назначен за нов предводник на тимот од ОАЕ. Искусниот Хаџиевски во минатото ја водеше и селекцијата на Македонија, од 1996 до 1999 година. Работеше и во Грција, Србија, Азербејџан, Јапонија.



