Тешка несреќа кај Козјак: седуммина повредени во судир на четири возила
Седум лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на регионалниот пат кон ХЕЦ „Козјак“, во атарот на скопското село Варвара, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во несреќата учествувале четири возила.
„На 09.08.2026 во 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на регионален пат кон ХЕЦ Козјак, во атар на с.Варвара, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Џ.(19) од с.Црн Врв, скопско, патничко возило „сеат” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(31) од с.Батинци, скопско, товарно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(63) од с.Малчиште, скопско и патничко возило „форд” со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Л.(47) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Р.(18) од с.Батинци, сопатник во возилото „голф“, а со телесни повреди се здобиле четворицата возачи, како и Б.О.(30) од с.Палиград, скопско и С.Л. од Скопје, сопатници во возилата „голф“ и „форд“, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и ЈЗУ „Св.Наум Охридски““ соопшти МВР.
Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Скопје.



