Серија на апсења во Скопје и во внатрешноста на Македонија

На 17.02.2023 околу 12.10 часот на граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Богородица ги лишиле од слобода Т.Ј.(24) од с.Негорци, гевгелиско и Н.И.(26) од Гевгелија. При контрола извршена од царински службеници во патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал Т.Ј., а сопатник бил Н.И., биле пронајдени околу 5 килограми марихуана. Притоа, Т.Ј. се обидел да побегне, но набргу бил фатен од полициски службеници. Лицата биле предадени на Царинската управа за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.02.2023 во 14.30 часот на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Б.(36) од Штип. Тој бил осуден на 20 години казна затвор за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово, каде имал за доиздржување 7 години и четири месеци од казната. Исто така, тој бил баран и поради сомнение за извршена тешка кражба во куќа на бул.„Партизански одреди“ во Скопје. Притоа, кај него биле пронајдени предмети за кои постои и сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно документирање на случаите, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.02.2023 во 22.10 часот на ул.„Караорман” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода С.М.(38)од Битола. Тој бил баран по централна и меѓународна потерница за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.

На 18.02.2023 во 03.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Р.(45) од Република Србија затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 18.02.2023 во 00.10 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Т.(27) од Скопје затоа што кај него биле пронајдени и одземени бела и кафеава грутчеста материја, пари и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.02.2023 во 21.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.С.(21) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.02 2023 во 20.45 часот на експресниот пат Штип-Велес, кај с.Три чешми, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Н.Н.(29) од Скопје. При преглед кај него и во возилото „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.02.2023 во 20.10 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Ш.(27) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.02.2023 во 21.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода К.Р.(24) од Тетово затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и нож. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.02.2023 во 23.55 часот во с.Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Ј.(26) од истото село затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 17.02.2023 во 17.30 часот на граничен премин Меѓународен Аеродром-Скопје, полициски службеници го привеле Х.Ф.(51) од Косово со босанска патна исправа, а со дозвола за постојан престој во Гостивар, затоа што при пасошка контрола и проверка во оперативната евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги при ОВР Гостивар. Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons