Хроника

ТАТКОТО НА МОНСТРУЗНО УБИЕНАТА ИВАНА ОБЈАВИ СТАТУС КОЈ ТЕРА НА СОЛЗИ: „Дојде есента, ќе дојде и зимата, само ти не доаѓаш“

Таткото на убиеното девојче на Фејсбук ја објави сликата на Ивана и неколку потресни реченици.

Убиецот на Ивана Кривокапиќ (26) се уште е во бегство, за ова монструозно злосторство е осомничен црногорскиот државјанин Јетмир Гочај. Тој е во бегство од 24 декември минатата година.

Таткото на Ивана денеска на Фејсбук објави слика од Ивана и неколку потресни реченици.

Тагата и болката не се мерат со времето, туку со празнината оставена во моето срце. Не постои време кое носи заборав. Вие постоите во секоја солза што паѓа и ден што се разденува. Есента дојде, зимата ќе дојде, само вие не доаѓате, а времето како тивка река плови во бескрајни далечини. Контурите на сликите исчезнуваат, остануваат само пусти недовршени соништа. Те сакаат мама Фики и тато“, напиша тој.

Да потсетиме, телото на Ивана Кривокапиќ го пронашле нејзините браќа на 24 декември, кога дошле на нејзината врата бидејќи не се јавувала на телефон. Тогаш се сомневаше за сомнителна смрт, а по една недела обдукцијата покажа дека девојчето е убиено.


Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons