ФАБРИКАТА ВО ФАЛИШТЕ И ПОНАТАМУ ГОРИ – Надлежните апелираат граѓаните да не излегуваат без потреба на отворено

Пожарот кој вчера ја зафати фабриката за бои и лакови, но и друг вид хемикалии сместена во тетовското село Фалише, се уште е активен. 

Од Центарот за управување со кризи информираат дека пожарот е со значително намален обем, но додаваат дека се уште има пламен и чад, а пожарникарите продолжуваат со гаснење.

Според ЦУК, тетовските пожарникари го гаснеле пожарот непрекинато во текот на целата ноќ  и се очекува целосно да биде изгаснат во наредните неколу часа. 

Пожарот избувна вчера во 10:30 часот, а во гаснењето беа вклучени и пожарникари од Куманово, Скопје, Гостивар и Велес

Првичните проценки од овој пожар укажуваат на сериозна опасност од загадување, бидејќи се препоставува дека во него изгореле над 100 тони хемикалии. 

Поради ваквите информации од Еко Герила ги повикаа надлежните да спроведат строги контроли и да проверат дали се почитувани сите безбедносни мерки кои се предвидени за компаниите кои работат со високо запалливи опасни материи. Велат дека ова не е прв пат да избие ваков пожар, а сметаат и дека последиците од ослободените штетни материи во воздухот ќе имаат големо влијание врз здравјето на луѓето.

Центарот за управување со кризи и утринава со апел до граѓаните да не излегуваат без потреба на отворено поради можно штетно влијание врз здравкето на луѓето од согорувањето на големи количини хемикалии во пожарот што изби во фабриката во тетовски Фалише.

Денеска на терен ќе ја испитуваат и состојбата со загадувањето на почвата. Препораки до граѓаните кои живеат во непосредна близина да не излегуваат од дома вчера упатија и од Центарот за јавно здравје.

Фото: ЦУК

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons