ВИДЕО: СТРАОТНА СООБРАЌАЈКА вечерва ја потресе Македонија, разнесен автомобил кој стоел на семафор

Скопјанец е пренесен во Градската болница со повреди од тешка сообраќајна несреќа што се случи на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопската населба Бутел, на семафорите кај џамијата, објави „Макфакс“. 

Додека повредениот со својот автомобил стоел на црвено светло на семафорот, во него со огромна брзина се забил возач со друг залетан автомобил. Од ударот, возилото на повредениот скопјанец е речиси целосно уништено, згмечен му е задниот дел, а автомобилот од силината на ударот се извртел цел круг.

„Возеше можеби 200 километри на час“, изјави за „Макфакс“ жена-очевидец на несреќата. 

Возачот дури и по страотниот удар, не можел да го скроти залетаниот автомобил. На крајот удрил во куп песок, дијагонално од местото на несреќата, кое е целото покриено со стакла.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons