Магазин

Студија: Звукот од 432 херци влијае на органите

Во последните години, научниците сè повеќе истражуваат како одредени звучни фреквенции влијаат врз човечкиот организам. Фреквенцијата од 432 херци привлекува особено внимание, бидејќи некои истражувачи тврдат дека има забележителен ефект врз нервниот систем, нивото на стрес, па дури и врз некои физиолошки параметри во телото.

Во клиничка студија во која учествувале пациенти со различни здравствени проблеми, истражувачите ги споредиле ефектите од музиката подесена на 432 херци со стандардното музичко штимање од 440 херци. Учесниците слушале иста музика, но во две различни фреквенциски верзии, за време на сесии што траеле околу 15 до 20 минути.

По слушањето на музиката, научниците ги мереле промените во срцевиот ритам, крвниот притисок и општата психолошка состојба.

Резултатите покажаа дека музиката подесена на 432 херци довела до забележително намалување на срцевиот ритам, во просек за околу пет отчукувања во минута. Кај некои учесници е забележано и мало намалување на крвниот притисок, како и побавно дишење, што се показатели за подлабока релаксација на организмот, пренесува Пабмед.

Повеќето слушатели пријавиле помал степен на напнатост, подобра концентрација и чувство на ментална јасност. Во некои истражувања беше забележано и зголемување на варијабилноста на срцевиот ритам – параметар што лекарите често го поврзуваат со способноста на организмот да се опорави од стрес.

Ефектите се забележани и во стоматолошките ординации. Во еден експеримент, пациентите кои слушале музика на 432 херци пред да им се извади заб имале значително пониски нивоа на хормонот на стрес кортизол, во споредба со оние кои не слушале музика или слушале стандардни фреквенции. Тие, исто така, изјавиле дека се чувствуваат помалку вознемирено.

Поради ваквите резултати, некои терапевти почнаа да користат таканаречена звучна терапија во центрите за релаксација и рехабилитација.

За време на овие сесии, пациентите лежат или седат на тивко место додека слушаат тонови или музика внимателно подесени на специфични фреквенции преку слушалки. Целта е звучните вибрации да го поттикнат опуштањето на нервниот систем и да го намалат стресот.

Иако научниците нагласуваат дека се потребни повеќе истражувања за целосно да се разбере улогата на специфичните фреквенции, многумина веќе ја користат оваа техника во секојдневниот живот. Едноставна десетминутна пауза со мирна музика наместена на 432 херци може да му помогне на телото да се смири, да го забави дишењето и да ја подобри концентрацијата по напорен ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons