МакедонијаНајново

Средношколец од Прилеп освои златен медал на меѓународен натпревар по природни науки во Њујорк 

Георги Николоски, ученик во трета година во гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп, го освои првото место на престижната меѓународна „NEO Science Olympiad“ одржана во Њујорк, САД. Младиот прилепчанец се натпреваруваше во конкуренција од 550 ученици од 41 држава, и успеа да се искачи на врвот – донесувајќи златен медал за Македонија.

Сепак, зад големиот успех стои горчлива реалност – Георги не добил никаква финансиска поддршка од државата. За да може да патува и да ја претставува Македонија, самиот морал да побара средства од компании и спонзори, покажувајќи огромна упорност и решителност.

Неговиот пример е уште една илустрација за недоволната поддршка на државата за талентираните млади, кои често се оставени сами да се борат за своите соништа и да ја промовираат земјата на светската мапа.

Успехот на Георги Николоски е мотив за гордост, но и повик за институциите – да го препознаат и поддржат потенцијалот на младите умови, наместо да ги игнорираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons