Мицкоски: Целта на Бугарија е асимилација или бугаризација на Македонија и македонскиот народ 

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  целта на Бугарија е асимилација или бугаризација на Македонија и македонскиот народ пред влезот во ЕУ.

Тој ја искоментира изјавата на бугарскиот премиер Кирил Петков. 

„Па ако прецизно ја читате таа изјава од Кирил Петков ќе видите дека тоа што тој го зборува го зборуваме веќе ние како ВМРО-ДПМНЕ и јас лично месеци наназад, а тоа е дека нашите билатерални проблеми и сите оние барања што ги има официјална Софија ќе влезат во преговарачката рамка, што значи дека или ќе се асимилираме односно ќе се бугаризираме и како такви ќе влеземе во Европската Унија, или нема за нас Европска Унија и покрај тоа што ќе се случи таа прва меѓувладина конференција“, вели Мицкоски.

Од СДСМ велат дека Мицкоски наместо да застане зад државните интереси, тој и на верски празник шири невистини, неосновано ја плаши јавноста, со што ги поткопува државните позиции. 

Инаку, Бугарија бара внесување на Бугарите во македонскиот Устав, но тоа не е се, имаат и други барања за спомениците и учебниците. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons