МакедонијаНајново

Само добивките од игри од среќа ќе се даночат со 15 проценти 

Со законските измени од 1 јануари 2023 година се отпочнува со оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд

Прeдолжените законски измени на Данокот на личен доход ја поминаа собраниската Комисија за финансирање и буџет. Измените на овој закон се дел од даночната реформа. Со законските измени од 1 јануари 2023 година се отпочнува со оданочување на капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност и удели издадени од инвестициски фонд. 

Данокот на личен доход останува 10 проценти, но има исклучок, а тоа е за доходот од добивките од игри на среќа, данокот се плаќа по стапка од 15 проценти. Ова значи дека се бришат и одредбите од Законот според кои од од 1 јануари требаше да иа 15 проценти стапка за данок за доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход.

Во предлогот за законските измени е процизирано дека се укинува прогресивно оданочување.

Исто така, со новата регулативата се укинува ослободувањето од оданочување на уплатената премија за животно осигурување, уплатенa премиja за доброволно здравствено осигурување и уплатениот придонес во доброволен пензиски фонд за вработените лица.

Во образложението на законските измени е наведено и дека има доуредување на постапката на даночно изземање или намалување согласно со меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување на доходот кој го остварува странско физичко лице.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons