ЕСМ даде поскапа понуда за струја за домаќинствата за 16% 

ЕВН хоме како универзален снабдувач на електрична енергија, на денешниот тендер за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-јуни 2023, доби само една понуда од АД ЕСМ.

АД ЕСМ ѝ понуди на ЕВН хоме купопродажна цена на електрична енергија од 56 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е за околу 16% повисока од претходната која беше добиена на последниот тендер на универзалниот снабдувач (јули-декември 2022), кога ЕСМ понуди купопродажна цена од 48 евра за мегаватчас.

За цената на електричната енергија на ЕВН хоме во наредниот период ќе одлучува Регулаторната комисија за енергетика, а таа ќе зависи од повеќе влезни параметри, како што се: цената по која ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН хоме, цената на преносниот систем оператор МЕПСО, цената на операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons