МакедонијаНајново

Познато од што починала младата Македонка во Солун

Првичните судско-медицински наоди за смртта на 24-годишната девојка од Македонија, која беше пронајдена почината во стан во Солун, засега не упатуваат на насилна смрт.

Според грчките медиуми, досегашните наоди од обдукцијата покажуваат дека смртта најверојатно е поврзана со патолошки причини, односно со здравствен проблем или природен процес во организмот.

При прегледот на телото не биле утврдени повреди или други видливи траги што би укажувале на кривично дело. Сепак, истрагата сè уште не е целосно затворена, бидејќи надлежните ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да помогнат во утврдувањето на точната причина за смртта.

Девојката била пронајдена во стан во реонот Неаполи-Сикиес во Солун, откако нејзиното семејство не можело да стапи во контакт со неа. Според грчките медиуми, блиско лице отишло до станот и ја пронашло без знаци на живот, по што биле известени надлежните служби.

Случајот останува предмет на проверка од грчките органи, кои ги анализираат околностите под кои настапила смртта.

Идентитетот на девојката засега не е официјално потврден. Неофицијално, станува збор за 24-годишна студентка од Прилеп, која студирала во Солун.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons