„ОД ПРЕСТИЖ ДО ПЛАЧ“: Доктор Беќаровски рааскажа каков бил Клинички некогаш
Доктор Нико Беќаровски на својот фејсбук профил раскажа како изгледало некогаш да се биде дел од Клиничкиот центар.„ Кога се вработив во УЦМН (Универзитетски Центар за Медицински Науки) – Клинички Центар – Скопје, во сега веќе далечниот 1-ви март 1990 година беше ПРЕСТИЖ, ЧЕСТ, ОГРОМНА ОБВРСКА и НЕИЗМЕРНО ЗАДОВОЛСТВО, да бидеш дел од најубавата здравствена приказна во СРМ.
Денес, во независна и суверена РСМ, Клиничкиот кампус “Мајка Тереза” расцепен и растурен на триесетина дела, не е ниту бледа сенка од најпрестижната македонска здравствена приказна. Дури и Скопјанката Гонџа Бојаџиу беспомошно би заронила солза, врз установата што го носи нејзиното име.“ напиша тој.