МакедонијаНајново

Нуркачи го чистеа Охридско езеро: Пластични шишиња гуми текстил, извлечени од него

Заштитата на Охридското Езеро не смее да биде само обврска на нуркачите и институциите, туку одговорност на сите што живеат покрај него и го посетуваат.

Пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад се пронајдени на дното на Охридското Езеро, при акцијата за чистење што ја спроведоа членовите на Нуркачкиот центар „Амфора“.

Нуркачите го пребарувале езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб, каде што извлекувале отпад оставен во езерото. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

Оваа акција, која веќе прераснува во традиција, повторно е предупредување за потребата од посериозна грижа и заштита на Охридското Езеро. И покрај редовните активности на нуркачите, состојбата, за жал, не се менува, а отпадот и натаму завршува на езерското дно.

Охридското Езеро е едно од најстарите езера во Европа и се одликува со исклучително богат биодиверзитет, вклучувајќи бројни ендемични видови кои претставуваат природно богатство од непроценливо значење.

Чистењето на езерото е неопходно, но спречувањето на загадувањето е уште поважно. Повременото извлекување на отпадот од водата не може трајно да го реши проблемот доколку не се преземат мерки за спречување на неговото повторно фрлање.

Заштитата на Охридското Езеро не смее да биде само обврска на нуркачите и институциите, туку одговорност на сите што живеат покрај него и го посетуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons