(Фото галерија) На Криволак воена вежба „Брз одговор 22“ сo 4.600 војници од осум држави

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, присуствуваше на воениот полигон Криволак на теренскиот брифинг за воената вежба „Брз одговор 22“ („Swift Response 22“), што ќе започне викендов и којашто е досега најголемата вежба што се реализира во Македонија.

Како што и посочи министерката за одбрана, Славјанка Петровска, вежбата има особено значење за нашата Армија во однос на споделување на знаења, способности и вештини, зголемување на интероперабилноста и оспособеноста за заедничко дејствување со сојузничките вооружени сили во изведување на овој вид на операции, како и демонстрирање на капацитетите на полигонот Криволак за изведување и на ваков вид на воени вежби, информираа од Министерството за одбрана.

Инаку, комплексната голема воена вежба „Брз одговор 22“ („Swift Response 22) којашто вклучува 4.600 војници, од осум држави – Северна Македонија, САД, Обединетото Кралство, Италија, Франција, Црна Гора, Албанија и Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons