Македонија

Неколку фирми дел од измама тешка над 90 милиони евра преку ДДВ, предистражна постапка за УЈП

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потврдува за МКД.мк дека се води предистражна постапка за наводна измама со фиктивна наплата на ДДВ направена од фирми со помош на УЈП. Детали од таму нема, бидејќи како што велат од ОЈО ГОК за порталот, постапката е тајна. Како што дознава МКД.мк, се работи за синџир од фирми што меѓусебно фиктивно си издаваат фактури, никој никому ништо не плаќа, освен државата ДДВ-то. За ваква операција да биде успешна, неопходно е најмалку едно лице од УЈП што одвреме-навреме само треба да замижи.

-За случајот за кој покажувате интерес во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е оформен предмет што е во предистражна постапка. Со оглед на тајноста на постапката во моментов не можеме да споделиме детали. Ви благодариме на разбирањето, велат во одговорот од ОЈО ГОК до МКД.мк.

Ова практично значи дека е отворена неформална постапка за собирање докази, во фаза кога кривичното дело или неговиот сторител сѐ уште не се откриени во целост, а ја спроведува полицијата по службена должност или по барање на јавниот обвинител.

Повеќе прочитајте ТУКА

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons