Наставници протестираа пред СОНК незадоволни од зголемувањето на платите
Пред канцеларијата на СОНК се собраа стотина просветни работници кои не сакаат да заврши штрајкот во основното и средно образование.
Тие се незадоволни од договорениот процен на зголемување на платите од 12 отсто до кои како решение стигнаа вчера Владата и репрезентативниот синдикат.
Денеска членството треба да донесе одлука за прекин на штрајкот.. СОНК има закажан состанок во 16 часот и треба да одлучи дали понудата на Владата за зголемување од 12 отсто е прифатена, како и дали ќе биде прекинат штрајкот.
По состанокот на Советот на Синдикатот во 16 часот ќе биде познато дали утре учесниците и децата ќе се вратат во училиштата и градинките.