Актуелно

Мицкоски: Мојата визија е Македонија да стане држава на можности, а не на изговори, Македонија забрзува

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во синоќешното обраќање од градскиот стадион во Струмица, по повод 36-тиот роденден на партијата одржан под мотото „Македонија забрзува, наша обврска“, порача дека Македонија мора да забрза, да се движи напред со самодоверба, со јасна насока и со вера во сопствените можности, бидејќи граѓаните на оваа држава, Македонија, тоа го заслужуваат. 

Мицкоски ја искажа неговата визија за Македонија како држава на можности во која институциите работат за граѓаните, правдата важи за сите, а успехот се мери според знаењето, трудот и резултатите.

„Мојата визија е Македонија да стане држава на можности, а не на изговори. Држава во која институциите работат за граѓаните, правдата важи за сите, а успехот се мери според знаењето, трудот и резултатите. Сакам држава која не чека подобри времиња, туку сама ги создава. Земја која се движи напред со самодоверба, со јасна насока и со вера во сопствените можности. Македонија мора да забрза. Не затоа што некој тоа го бара од нас, туку затоа што нашите граѓани го заслужуваат. И кога ќе нè прашаат што не движеше во овие времиња, одговорот ќе биде едноставен: љубовта кон татковината. Љубов посилна од сите пречки. Вера посилна од сите сомнежи. И народ посилен од сите предизвици“, рече Мицкоски. 

Претседателот Мицкоски потенцира дека Македонија не се предава и не застанува, напротив, како што вели тој, Македонија забрзува, а ова е почеток на едно ново поглавје во кое се испишуваат нови успеси и дела за кои ќе сведочат и ќе ги паметат генерациите.

„Македонија не застанува. Македонија не се предава. Македонија забрзува! Ова не е крај на еден собир. Ова е почеток на едно ново поглавје. Поглавје во кое нема да зборуваме за пропуштени шанси, туку за нови успеси“, истакна Мицкоски и додаде:

„Ќе работиме повеќе. Ќе се бориме посилно. Ќе веруваме уште повеќе. И затоа, драги пријатели, кога ќе се изгаснат светлата од овој собир, кога ќе заврши музиката и кога секој од нас ќе се врати во својот дом, останува едно прашање: Што ќе оставиме зад себе? Дали ќе оставиме уште една пропуштена шанса или ќе оставиме дело што ќе го паметат генерациите?“

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons