Македонија

Мицкоски: Задоволен сум од искористеноста на ваучерите за електронски уреди за студентите

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа како тече искористеноста на ваучерите за таблетите и електронски уреди за студентите, изјави:

„Па целосно е искористено тоа, вкупната бројка е искористена, што нас посебно нè радува, за прв пат ова се случува. Интересот, беше навистина за нас изненадувачки, ние ветивме дека сите студенти без разлика дали се студенти на приватните или државните универзитети, ќе бидат корисници на овие ваучери и ние сме задоволни со степенот на искористеност. Дали 15.000 денари се доволни, можеби нецелосно. Но дали може со тоа да се купи електронски уред којшто ќе служи понатаму, може.“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons