Обид за кражба на бакарна цевка од централата за течен час во штипската болница 

Крадци се обиделе да украде бакарна цевка од боца за кислород во гас централата што го снабдува инфективното одделение во Клиничка болница-Штип. Станицата за течен кислород се наоѓа кај модуларната болница, која е одалечена од зградата на Инфективното во кое се лекуваат ковид болните.

Според надлежните од болницата, најверојатно крадецот се исплашил од шуштењето на воздухот па побегнал. Тоа го спречило да направи штета и снабдувањето со кислород за четворицата пациенти на одделението не било доведено во прашање.

Случајот е пријавен во СВР-Штип, информира портпаролот на Клиничка болница-Штип, Марина Шуманска.

Од СВР-Штип  велат дека извршен е увид и се уште се трага по сторителот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons