Македонија

Македонците од Албанија порачуваат: Од кога сме родени знаеме дека сме Македонци 

Нас Македонците во Албанија ништо не може да не поколеба на пописот да се изјасниме она што сме, а за Бугари тоа е само идеја која попусто ја пропагираат бугарските власти и здруженија, порачуваат Македонците во Албанија.

-По националност сме Македонци. Какви Бугари, во Албанија ниту имало, ниту има. Нема никаков проблем, кога попишувачите ќе дојдат и ќе не прашаат ќе кажеме дека сме Македонци, со православна или исламска вероисповест и дека мајчин јазик ни е македонскиот, велат Македонците.

Дел од нив се прашуваат каде биле до сега бугарските власти.

-Како македонско малцинство признати сме уште од времето на Енвер Хоџа и тоа ни пишува во граѓанската евиденција. Тоа што доаѓаат и се обидуваат да не заплашат, не е ништо, ние сме преживеале многу пострашни нешта. Каде беа до сега оние кои бараат нешто што го нема, додаваат тие.

Во однос на поседувањето бугарски пасош, велат, Македонци со таков пасош има малку, многу поголем е бројот на етничките Албанци кои земаат пасоши „поради немај каде, за да се обезбеди основна егзистениција“.

-Областите каде што сме концентирани не се граничат со Бугарите. Со Албанците сме на граница. Албанец може да има некој, но Бугари никогаш немало во оваа земја. Од кога сме родени знаеме дека сме Македонци. Обединети сме да си го зачуваме македонскот идентитетот, дали сме во Преспа, Голо Брдо, Гора, Тирана или Елбасан, посочуваат тие.

Повик да не потклекнуваат на заканите и гордо да се попишат како Макдонци, упатија македонските друштва и здруженија во оваа земја.

-Во сите досегашни 11 спроведени пописи во Албанија нема ниту едно лице кое се изјаснило како Бугарин. Тоа со пасошите е поради тешката ситуација во која се наоѓаме зашто живееме во најнеразвиени подрачја во земјата. Но, нема да не поколебаат ние сме тоа што сме-Македонци. Барам од моите сонародници гордо да кажат дека се Македонци, апелира Фатри Фетаху, од село Требиште, област Голо Брдо.

Фетаху, кој е претседател на огранокот на македонското друштво „Илинден“ додава дека последователна провокација кон Македонците, во време на попис, е објавата на фондацијата Македонија дека „ќе доделува стипендии за стденти од Северна Македонија и од Албанија“.

Вчера шефот на македонската дипломатија Бујар Османи преку видео обраќање ги повика Македонците слободно да ја изразат својата етничка, јазична, религиска и идентитетска припадност.

Пописот, 12-т по ред, по првиот спроведен во 1923 година, почна на 18 месецов и ќе трае до 30 октомври а првичните резултати се очекуваат во јуни следната година.

Формуларот содржи околу 100 прашања. Од нив, три, етничка и верска припадност и јазик, се незадолжителни за одговор.

Од Инситутот за статстика, ИНСТАТ, упатувајќи апел да им се отвори врата на попишувачите, предупреди дека за оние кои ќе одбијат да се попишат или дадат неточен одговор превидена е казна од 50 до 100 илјади леки. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons