Врие од специјалци! Претрес во манастирот во Бањско!

Од утрово се пребарува манастирската зграда на Бањскиот манастир во која новосадските аџии заедно со монасите поминаа непроспиена ноќ по вчерашните вооружени инциденти, пренесуваат косовските медиуми.

Вооружениот инцидент се случил кога припадниците на КПС се обиделе да ги отстранат барикадите поставени од група вооружени Срби на влезот во Бањска, при што животот го загубиле тројца Срби и еден албански полицаец.

Пристапот кон Бањска се уште е блокиран од косовските специјалци, додека повеќе патроли на т.н на косовската полиција на патот од Косовска Митровица кон Звечани, односно Бањска, како и возила на КФОР, јавуваат медиумите од местото на настанот.

На патниот правец Бањска-Лепосавиќ сообраќајот се одвива поретко од вообичаено.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons