Македонскиот каратист Вукашин Јовановиќ е светски универзитетски првак
Вукашин Јовановиќ донесе злато за Македонија на Светското универзитетско првенство во боречки спортови во карате во Бразилија, Бразил.
Во категоријата -67 кг., нашиот натпреварувач во борбата за златниот медал триумфираше против Белгиецот Амин Абделмалки со резултат 2:2 (3:2) по судиско изјаснување.



