Андреј Митревски од Феникс е најдобар млад играч

18-годишниот Андреј Митревски од Феникс е прогласен за најдобар млад играч во кошаркарското првенство на Македонија според КОШ.

Големиот талент на Феникс, Андреј Митревски, имаше одлична сезона и покажа голема зрелост и покрај тоа што има само 18 години.

Поради повреда пропушти неколку натпревари, но успеа да забележи настап на 24 меча, на кои забележа ефект од 13,7 поени, 4 скока и 2,6 асистенции со просечен индекс 11, па е прогласен за најдобар млад играч според КОШ.

Андреј Митревски успеа да се наметне како вистински лидер на теренот, па ја доби и капитенската лента од тренерот Дервишевиќ.

Особено импресивна беше неговата партија против МЗТ Скопје кога на половина минута пред крајот погоди тројка со која Феникс направи +7 и дојде до можеби најголемото изненадување во сезоната. На тој меч, Андреј Митревски постигна 18 поени, 11 скока и 5 асистенции.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons