НајновоСпорт

Македонија ја сопна и големата Англија за крај на циклусот!

Фудбалската репрезентација на Македонија со подвиг ги заврши квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година.

Нашиот национален тим на домашен терен остана непоразен со големиот фаворит Англија (1-1) и така сопна уште еден фаворит во Скопје, по она реми со Италија.

За „Гордиот албион“ ова реми не значи многу затоа што тимот е веќе на ЕП 2024, а за Македонија е исто така сатисфакција и воедно прв триумф против овој ривал по двата минимални порази во 2003 и 2006 година.

Во последните моменти од мечот, Никола Серафимов се обиде со глава и за малку не го совлада Пикфорд по корнерот на Енис Барди.

На крај конечни 1-1, резултат кој и тоа како добро ѝ дојде на македонската репрезентација, како и на јавноста која беше разочарана по претходните изданија.

Вечерва европска фудбалска вест број 1 е ремито на Македонија со Англија. Со  овој меч заврши квалификацискиот циклус. Од нашата група покрај Англија, на Евро 2024 патува и Италија која одигра реми без голови со Украина во Леверкузен и тоа ѝ беше доволно за пласман.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons