Македонија ја сопна и големата Англија за крај на циклусот!
Фудбалската репрезентација на Македонија со подвиг ги заврши квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година.
![](https://objektivno24.mk/wp-content/uploads/2023/11/IMG_3752-1024x683.jpeg)
Нашиот национален тим на домашен терен остана непоразен со големиот фаворит Англија (1-1) и така сопна уште еден фаворит во Скопје, по она реми со Италија.
За „Гордиот албион“ ова реми не значи многу затоа што тимот е веќе на ЕП 2024, а за Македонија е исто така сатисфакција и воедно прв триумф против овој ривал по двата минимални порази во 2003 и 2006 година.
![](https://objektivno24.mk/wp-content/uploads/2023/11/IMG_3754.jpeg)
Во последните моменти од мечот, Никола Серафимов се обиде со глава и за малку не го совлада Пикфорд по корнерот на Енис Барди.
![](https://objektivno24.mk/wp-content/uploads/2023/11/IMG_3751-1024x764.jpeg)
На крај конечни 1-1, резултат кој и тоа како добро ѝ дојде на македонската репрезентација, како и на јавноста која беше разочарана по претходните изданија.
Вечерва европска фудбалска вест број 1 е ремито на Македонија со Англија. Со овој меч заврши квалификацискиот циклус. Од нашата група покрај Англија, на Евро 2024 патува и Италија која одигра реми без голови со Украина во Леверкузен и тоа ѝ беше доволно за пласман.
![](https://objektivno24.mk/wp-content/uploads/2023/11/IMG_3753-1024x683.jpeg)